Согласност со условите за користење
Сите посетители на website-от kombuha.net се должни внимателно да ги прочитаат Условите за користење на овој website и во случај на несогласување со наведените услови не треба да продолжат со понатамошно користење на сајтот. Во спротивно, се смета дека ги прифатиле и дека се согласни со наведените Услови за користење.
Целосно одрекување од одговорност
Со влегување на website-от kombuha.net, посетителите и корисниците на услугите на Well Biome Комбуха ја прифаќаат употребата на сајтот и сите наши сервиси и услуги исклучиво на сопствена одговорност, што подразбира дека никоја од страните вклучени во креирањето, изработката и употребата на овој website не сноси ни најмала одговорност. Well Biome Комбуха не е одговорна, без ограничување, за каква било директна, случајна, последична или индиректна штета, или трошоци од која било природа (вклучувајќи правни трошоци, стручни такси или други трошоци), кои можат да настанат директно или индиректно од пристапот, користењето или истражувањето на website-от, со користење на која било наша услуга или сервис, или при преземање на каков било материјал, текст, податоци, слики, видео и аудио фајлови од website-от, вклучувајќи, без ограничување, каква било штета што може да настане како последица на вируси, багови, човечко дејствување или изостанок на дејствување, во компјутерски системи, телефонски линии, компјутерски хардвер, софтвер, програмски дефект или која било друга грешка, пропуст или доцнење во преносот од страна на компјутер или мрежна конекција. Well Biome Комбуха, без гаранција и без одговорност, на најдобар можен начин ги презема сите мерки за да се осигура дека информациите и целокупната содржина на website-от kombuha.net се максимално точни, јасни, навремени, целосни и достапни. Во ниту еден случај не постои одговорност на Well Biome Комбуха за каква било штета што може да им биде причинета на посетителите и корисниците на услугите при користење на website-от kombuha.net, нашите сервиси или услуги.
Сопственост на содржината
Сите текстови на website-от kombuha.net се во сопственост на Well Biome Комбуха и претставуваат авторско дело. Логото на Well Biome Комбуха е исто така авторско дело и е во сопственост на Well Biome Комбуха. Сликите на website-от kombuha.net се создадени со помош на генератори на слики кои користат вештачка интелигенција. Другите логоа на website-от kombuha.net се во сопственост на овластените носители на права. Содржината на website-от kombuha.net во целина или во делови не смее да се копира или пренесува во каква било форма или со какво било средство без дозвола на Well Biome Комбуха, ниту може на кој било друг начин или со кое било друго средство да биде дистрибуирана или умножувана без одобрение на Well Biome Комбуха. Well Biome Комбуха ќе ги заштити своите авторски права, своите права на интелектуална сопственост и другите сродни права, како и другите права, во најголема мера дозволена со закон, вклучувајќи и кривично гонење.
Измена на условите за користење
Well Biome Комбуха го задржува правото во секое време да ги измени овие Услови за користење, а измената станува важечка по објавата на website-от kombuha.net. Секој посетител на сајтот е должен да ги прочита овие Услови за користење, за да биде запознаен со евентуалните измени. Доколку продолжите да го користите website-от kombuha.net, нашите сервиси и услуги по поставувањето на понова верзија на Условите за користење, се подразбира дека таа верзија сте ја прочитале и прифатиле како важечка.
Прашања
Доколку имате какви било прашања поврзани со овие Услови за користење, контактирајте нè на email адресата: intronic@yubc.net.